Со хуманитарна забава го испраќаме Матеј Тодоровски во Кејптаун

20 октомври 2014

Матеј Тодоровски е победник на натпреварот Red Bull Doodle Art, кој од 24 до 26 октомври ќе има можност да ја претставува Македонија на светското финале на Red Bull, каде учество ќе земат 40 земји. Покрај тоа што очекува добра дружба и шетање, Матеј ја истакна хуманитарната страна на  забавата која викендов се одржа во кафулето Концепт 37 по повод неговото испраќање, а средствата од продажбата на маиците и футролите ќе бидат наменети за реновирање на студентскиот дом Гоце Делчев Скопје.

„Цртежот беше изработен во црна, сива и сина боја. Маиците се принтани во Белград, а цртежот е модифициран за оваа намена. Има женски и машки модели и футроли за пасош со мотиви од цртежот“ - изјави Матеј за победничкиот цртеж кој е главен мотив на парчињата облека и модниот додаток.

Инаку Кејптаун е селектиран како World Design Capital за 2014 година, настан кој се организира на секои четири години, а годинава наш претставник ќе биде токму Матеј Тодоровски, кој е судент на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Актуел