Plus – size моделот Тес Холидеј стана првата жена што потпишала договор со позната светска агенција. За одличните вести, таа веднаш ги извести нејзините обожаватели на социјалните мрежи каде има повеќе од 600.000 следбеници и обожаватели.
Подеднакво среќен беше и тимот од модната агенција MiLK Management со кои таа го потпиша неверојатниот договор.
„Многу сме возбудени што конечно можеме да ја објавиме информацијата дека од денеска Тес Холидеј е дел од нашиот тим и ние ќе ја застапуваме за сѐ понатаму“, објавија од агенцијата на нивниот Твитер профил.
Инаку, прекрасната Тес има 29 години, а досега има снимено огромен број рекламни кампањи и фотосесии за plus – size брендови.
„Ова е нешто што го посакував целиот мој живот, па на самата помисла дека тоа и ми се оствари, мислам дека е нешто невозможно, нешто нереално“, изјави Тес за магазинот Пипл.
Во неколку наврати, таа ќе изјави дека е многу среќна што досега не се откажала од нејзиниот сон, бидејќи и се случиле многу работи што ја натерале токму на тоа.
„За plus – size моделите дознав кога имав 15 години и веднаш отидов на аудиција во Атланта. Таму ми рекоа дека сум многу ниска и полничка и дека никогаш нема да можам да бидам модел. Но, јас сум многу тврдоглава и решително продолжив по патот и стигнав до она што сум денес“, вели Тес.
Таа е родена во едно мало место во Мисисипи каде ќе каже дека постојано ја задевале за нејзината тежина на сосема типичен начин како што и се случува тоа во помалите места.
„Ме нарекуваа со различни погрдни имиња, ме затвораа во соблекувалните во училиште и што уште не.“, вели Холидеј, инаку мајка на 9 – годишно момченце.
Таа додава и дека нејзината работа многу и помогнала да ја надогради нејзината самодоверба и да се види себеси во едно сосема поинакво светло и да си докаже себеси дека таа е всушност многу убава жена.