Првите официјални фотографии од кралската венчавка

22 мај 2018

Конечно се објавени и првите официјални фотографии од кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл, а како што претпоставувате, истите се прекрасни.

Војводата и Војвотката од Сасекс, кои се венчаа во саботата, дадоа и официјална изјава во која се заблагодарија на сите гости што беа дел од церемонијата, но и на милионите кои свадбата ја следеа од нивните домови.

На првата фотографија може да ги видиме Хари и Меган во одлично расположение, насмеани и позитивни на терасата на замокот Виндзор.

На втората фотографија, која важи и за официјален портрет од венчавката, можеме да ја видиме и кралицата Елизабета и мајката на Меган, Дорија, додека пак на последната можеме да ги видиме младите со слатките дечиња кои ги носеа цвеќињата, меѓу кои и принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

„Војводата и Војвотката се многу задоволни од официјалните фотографии кои ги направи Алекси Лубомирски и се пресреќни што конечно може да ги споделат со сите вас. Тие сакаат и да ви се заблагодарат за сите пораки и целата поддршка што ја добија од вас“, гласеше пораката од Хари и Меган објавена на профилот на палатата Кенсингтон.

Фотографот Лубимирски, кој инаку е ученик на Марио Тестино, изјави дека му била огромна чест што имал можност да го фотографира кралското семејство, особено што можел да ја документира инспиративната љубов на Хари и Меган, нешто што никогаш нема да го заборави.

Извор: Дејли Мејл

Фото: Алекси Лубимирски

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.192 пати