Ријана го промовираше првиот машки парфем

29 октомври 2014

Убавата Ријана го промовираше нејзиниот прв парфем за мажи Rogue Man, во Атланта Џорџија. Пејачката се појави во парчиња на Адам Селман од колекцијата за пролет-лето 2015. Црно-бела кошула, макси здолниште и бра топ со бисери беше изборот на Ријана, надополнет со црни кожени сандали на висока потпетица и потпис на Маноло Бланикшто, што пак на нејзините обожаватели присутни на промоцијата многу им се допадна.

Уште нешто што особено им се допадна е шансата да се фотографираат со неа. Секој од посетителите што ќе го купеше новиот парфем, имаше можност да го овековечи тој момент преку фотографија со 26-годишната пејачка. Доказ дека нејзините обожаватели навистина се луди по неа, беа и солзите на едно момче, кое не можеше да ја сокрие возбудата кога Ријана го прегрна.

Инаку, Ријана не би била Ријана, ако ги нема впечатливите модни додатоци, па така во оваа комбинација ги вклопи и 18 карактниот златен ѓердан, како и прстени и алки со потпис на Лин Бан.

Како вам ви се допаѓа овој нејзин изглед?

 

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Актуел