Ријана позира во кампања за својот нов парфем Rogue

13 јули 2013

Како и секоја интернационална ѕвезда и Ријана, полиците низ парфимериите ширум светот ги наполни со сопствени мирисни изданија. После едициите на Nude  Rebelle и Reb’l Fleur, оваа позната пејачка одлучи својот потпис да го стави и на уште еден од редот парфеми со наслов Rogue. Парфемот има крајно кокетни, сензуално ориентални ноти збогатени со есенции од цвет од лимон, циклама, јасмин, ружа и слива. Како мирисот би бил што поинтензивен вметнати се есенции од ванила, амбер и пачули. Опаковката на шишенцето е во златна боја светкаво капаче.

 

 

„Луѓето постојано се менуваат и еволуираат, со овој парфем сакам и јас да му ја покажам на светот мојата промена, која бев, а која сум денес. Го создадов овој мирис за сите жени, за секакви расположенија, затоа што сите ние сакаме да го истакнеме сопствениот карактер и посебност“, изјави младата дива. Кампањата во црно-бела варијанта ја изработи Маријем Соренти.

 

 

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Убавина