Роберто Кавали: Мајкл Корс постојано ме копира

18 декември 2013

Италијанскиот дизајнр Роберто Кавали е познат по „остриот јазик“ и отвореното и гласно кажување на своето мислење, особено кога се работи за неговата конкуренција.

Мајкл Корс, Роберто Кавали Мајкл Корс                                                                                                                               Роберто Кавали

Следна негова мета е актуелниот американски дизајнер Мајк Корс кој во моментов доживува голема експанзија во својата кариера, а за кој Кавали е на мислење дека постојано го копира и дека токму на тоа се должи неговиот голем успех.

„Корс е дефинитивно една од најголемите копии во дизајнерскиот свет. Само сакам да му кажам да престане да ме копира! Цело време пишувам коментари на таа тема на Инстаграм. Тој копира се!“, изјави Кавали за онлајн магазинот style.com

Дизајнерот познат по генијалните животниски принтови имал вакви искуства и порано. Не ги штедел погрдните зборови ниту за креативниот директор на Шанел, Карл лагерфелд кој според него изгледа смешно. Стилот на Кавали едноставно владее насекаде, зашто сите го копираат!

 

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Актуел