Руни Мара во еко – креација на H&M на Оскарите

1 март 2017

Како и секоја година, така и оваа, по завршувањето на Оскарите се одржа традиционалната забава на магазинот Vanity Fair на која ѕвездите блеснаа дури и во поубави комбинации од оние на црвениот килим.

Меѓу девојките кои оставија најголем впечаток на забавата беше и актерката Руни Мара која се појави во нежна плисирана креација од шведскиот бренд H&M.

Прекрасниот фустан беше изработен од рециклиран полиестер изработен од пластичен отпад, со што таа уште еднаш покажа колку денеска е значајна одржливата мода по која впрочем овој бренд е и познат.

Фустанот таа го комбинираше со високи црни сандали, едноставна фризура и шминка со истакнат темно црвен кармин кој се чини го обожава.

Истиот всушност е дел од новата Conscious Exclusive колекција на шведскиот гигант каде можете да го најдете во малку поинаква верзија.

Таа во моментов е актуелна со филмот „Lion“ во кој глуми заедно со новиот холивудски шармер Дев Пател кој беше номиниран за најдобра споредна машка улога.

Погледнете како изгледа прекрасната актерка во овој фустан кој е вистинска ретро инспирација. 

Објавено:
1 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
441 пати