Сара Џесика Паркер демантира дека ќе биде уредничка на Вог

3 февруари 2014

Откако се појавија шпекулациите дека актеркара Сара Џесика Паркер ќе ја добие позицијата на главен уредник на престижниот Вог, сега таа се огласи со соопштение дека нема намера да ја преземе позицијата на Ана Винтур, откако таа  ќе отиде во пензија. Претставникот  за односи со јавност на актерката, изјавува дека медиумските информции се неточни  и дека Паркер нема да го земе место на Винтур, зашто е премногу зафана со семејните обврски. Од Вог пак, соопштуваат дека двете пријателки никогаш не ни разговарале за таква опција.

-Тоа би било забавно за неа, но вистината е дека Сара никогаш не размислувала за таква професионална улога, сега целосната нејзина енергија е насочена само кон најблиските во семејството, вели портпаролот на актерката.

Инаку, позната уредничка на модната „библија“, е на главната позиција на магазинот од 1988 година.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Актуел