Седмиот Љубовен базар посветен на филигранот

10 август 2015

Веќе традиционалниот базар на уникатни ракотворби во скопското кафуле Љубов, а под мотото #SupportTheArtist и е познат како „Љубовен базар", ќе се оддржи по седми пат по едномесечна пауза поради летните одмори.


Седмиот Љубовен базар е закажан за 13-ти август (четврток) со почеток во 18.30 часот на добро познатата локација, а овој пат ќе биде посветен на филигранот како уникатна традиционална ракотворба.

Во рамките на овој базар своите уметнички дела ќе ги изложат филингранџиите од работницата „Spark Filigree" на познатиот филигран мајстор Аднан.

Како учесници на претстојниот базар се најавени:

Филигран:
- Алма Идризи
- Анета Димитриевска
- Татјана Ранташа
- Соња Димовска
- Јета Ника
- Сара Муамед
- Лиле Мангова
- Марија Темова
- Дијана Тодоровски
- Ксенија Котев
- Александра Петковска

Уникатни кожни аксесоари:
- Карло Хорват

Дрвен накит:
- Глигор Кузмановски

Накит од фимо глина:
- Дина Гициќ:

Облека:
- Сандра - Acid Wear Girls

Поддржете ги младите креативци, а притоа поминете едно пријатно попладне со нив и освежете го вашиот изглед со уникатни дизајнерски парчиња.

 

Објавено:
10 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
875 пати