Ноемврискиот број на шпанското издание на „Харперс Базар“ го краси Шерон Стоу. По тој повод, актерката беше дел од нова впечатлива фото-сесија во бели стајлинзи, во кои изгледа одлично!
Фотографиите се проследени и со интервју во кое говори дека конечно се чувствува слободна.
„Се вратив на корените на мојата личност и ја прегрнав личноста која бев претходно, пред да станам позната. Сметам дека Ајнштајн беше во право и прилично паметен во врска со времето - тоа е нешто што ние сме го измислиле за да се најдеме едни со други. Живееме во свет кој има повеќе од три димензии. Времето е двосмислена и ефемерна конструкција. Како што стареам сфаќам дека се враќам онаа Шерон која бев како млада, затоа што тоа е мојата вистинска личност“, вели актерката.
И додава:
„Работите што се трудите да ги поттиснете, како вашите анти-социјални делови од личноста на пример, всушност може да се вашите најголеми таленти и дарба. Грешка е да се мешаме и да се обидуваме да бидеме како сите други, бидејќи нашиот талент или дарба нè прават поинакви од другите. Животот е како сложувалка и ако не се ослободите, раширите нема да бидете дел од местото во сложувалката кое ве чека вас“, смета актерката.
Во интервјуто се осврнува и на убавината.
„Убавината ја гледаме на толку многу начини во природата - мора да покажеме волја да се паѓаме под влијание на комерцијализацијата на убавината, како единствена важна работа. Ми се допаѓата тоа што, особено во модата денес, можат да се видат жени од сите видови убавина. Треба да ја прифатиме убавината во сите форми“, објаснува Стоун, која се чувствува благословена и што после долг период на промени конечно “од гусеница до пеперутка“.
Инаку, актерката е дел и од ноемвриското издание на магазинот „Алур“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram