Што ќе ни приреди Ријана на утрешниот Super Bowl?

11 февруари 2023

Веќе одамна се знае дека Ријана ќе биде главната ѕвезда на долгоочекуваното Super Bowl полувреме, но сè уште е мистерија во какво издание Рири ќе се појави. 

Секој досегашен стајлинг на пејачката бил навистина впечатлив, во склад со нејзиниот карактер.

Ријана во неодамнешно интервју изјави дека би го оставила своето бебе единствено за некој специјален настан, како што Super Bowl.

Дома се опуштате и ви станува удобно во улогата на мајка.Токму затоа ова за мене е огромен предизвик, да се вклучам во нешто што досега не сум го правела.

Мега популарната изведувачка направи музичка пауза од пет години, и токму затоа нејзините фанови со големо нетрпение ја чекаат да се појави на сцена.

Судејќи според сите нејзини досегашни настапи, шоуто на Super Bowl 2023, во најмала мера ќе биде воодушевувачко.

На сцената со Ријана ќе се појават уште неколку познати музичари, но засега останува само да претпоставуваме кој ќе ѝ прави друштво.

Се споменуваат имињата Џеј Зи, Дрејк, Фарел Вилијамс, Келвин Харис, а помеѓу најпребаруваните на интернет се Бритни Спирс, Еминем и сопругот на Рири Ејсап Роки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

 Додека се чека Ријана на големата сцена утре...

Некои од нејзините најдобри изданија:

Фото: Pinterest 

Објавено:
11 февруари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
304 пати
Тагови: 
Ријана