Откако го покажа трудничкото стомаче на Super Bowl, Ријана е тема број еден по социјалните мрежи. И додека се чека бебето број два, синчето на пејачката го имаше своето деби на насловна страна.
Преслаткото деветмесечно бебе, кое се уште нема официјално име, позира за мартовското издание на британскиот Вог, заедно со мама Рири и тато Ејсап Роки.
Ова е прво појавување на синчето, откако Ријана накратко го покажа на ТикТок во декември. Таа и Роки станаа родители на малечкото во мај минатата година.
На насловната страна ги гледаме тројцата на плажа, Роки го држи и бакнува синчето, додека гордата мама чекори пред нив.
Семејството за фотосесијата е облечено во црно, Роки носи кожен елек и пантолони, а Ријана е секси во чипкан фустан со шлиц.
На втората фотографија за магазинот Ријана седи на кревет и го држи синчето, кое е завиткано во бело ќебенце.
Фото:British Vogue