Бремената Ријана на мајската насловна на Вог!

12 април 2022

Пред неколку часа Вог ја објави својата ексклузивна насловна страна за мај, со бремената Ријана во фокусот. Првиот впечаток е: Фантастична!

Можеби мислењата околу естетиката за оваа насловна ќе бидат поделени, но во никој случај не можете да ја игнорирате.

За насловната поп ѕвездата која наскоро се очекува да се оствари како мајка, носи транспарентен комбинизон изработен од тантела и ретро ракавици од познатиот бренд Алаја, на еден од најзначајните дизајнери во современата мода, Азедин Алаја кој почина во 2017 година.

Неколку од екстравагантните дизајни што Ријана ги носи за ексклузивниот едиторијал, се токму на овој бренд, но исто така се појавува и во креации на Марк Џејкобс, Сен Лоран, Рик Овенс, Жан Пол Готје, Диор.

Ријана едноставно може да износи сѐ. Па дури и бремена.

Во интервјуто што ја следи насловната страна, Ријана зборува за модниот свет, за романсата со нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки, за тоа какво е нејзиното лично искуство во бременоста.

Интервјуто може да го прочитате на овој линк.

 

Објавено:
12 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
386 пати