Ријана е бремена!

1 февруари 2022

Ријана е бремена. Таа и нејзиниот партнер Ејсап Роки ќе станат родители.
Веста за бременоста на мега ѕвездата ја објави магазинот People, а фотографиите на кои таа го покажува трудничкото стомаче, ги преплавија медиумите и социјалните мрежи.

33-годишната поп пејачка и раперот се долгогодишни пријатели, но нивната релација прерасна во романтична врска за која јавноста прв пат дозна во декември 2020 година.
Истата година, Ејсап ги помина божиќните празници заедно со семејството на Ријана на Барбадос.

Во интервју за GQ, тој ќе изјави: Таа е вистинската.

Ријана пак, отворено зборуваше за нејзината желба да стане мајка, во 2019 година во интервју за Essence.

Во таа прилика таа ја посочи нејзината мајка како неверојатен пример за жена која знаела како да се избори со сите предизвици во животот.

Со оглед на тоа дека последниве месеци Ријана успешно го криеше трудничкиот стомак, веста беше вистинско изненадување за јавноста.

 

Објавено:
1 февруари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
526 пати
Тагови: 
Ријана