Први фотографии од второто синче на Ријана, Рајат Роуз

20 септември 2023

Vogue ја имаше честа да ги објави првите фотографии од второто синче на Ријана и Ејсап Роки, кои го носи името Рајат Роуз.

На фотографиите кои овој пат се во папараци стил двете музички ѕвезди заедно со двете синчиња позираат покрај црн Рејнџ Ровер.

Поголемото синче на Ријана и Ејсап, РЗА Атлестон, насмеано седи на грбот на татко му, а на друга фотографија пејачката го држи во прегратка.

На една од фотографиите ги гледаме гордите тато и мама како бдеат над новороденчето кое мирно лежи на кревет.

За потребите на фотосесијата, Ријана и Ејсап имаат кежуал, street style стајлинг, додека малиот РЗА позира во црна кожна јакна и кожни чевли.

Откако Ријана ја најави својата втора бременост на Супербол-от зимата, исчекувањето на бебето стана една од главните теми по социјалните медиуми и порталите заедно со смелиот труднички стил на пејачката.

Фото:Vogue

Објавено:
20 септември 2023
Категорија: 
Сцена