Манго девојките ќе ги сретнете на улица, на Инстаграм, по модните блогови. Тие се препознаваат по карактеристичните тенденции што оваа сезона ги издвои овој шпански бренд како задолжителни: панталоните со висок струк, макси капутите, предимензионираните џемпери, крзнените детали, PVC мантилите...
Умешно ги комбинираат со парчиња од другите „high street" брендови или со ексклузивни парчиња од луксузните модни куќи. Но, она што е својствено за секоја од нив е тоа што иако се работи за комерцијални Манго парчиња, тие ги имплементираат во својот личен стил во еден уникатен аутфит задржувајќи ја својата индивидуалност.
Карираниот дезен и оваа сезона е неизоставен, исто како и земјените тонови и црната боја, но освежени со црвени и портокалови комбинации.
Погледнете што е актуелно периодов кај Манго девојките.
Фото извор: Инстаграм, #mangogirls