Познатиот шпански бренд Манго, мажот за претстојната сезона есен-зима го дефинираше како бунтовник со беспрекорно стилско чувство.

Главниот протагонист во едиторијалот за оваа линија на Манго е британскиот модел Џош Биџ кој е современа слика на бунтовниците од златната доба на Холивуд, како Џејмс Дин или Марлон Брандо.

Фотографиите од овој едиторијал претежно се во црно-бела техника со акцент на неколкуте безвремески парчиња облека како едноставните пуловери, џинс јакните, маичките со графички принтови, освежени со трендовски детали соодветни за стилот на современиот маж.

Комбинациите се  спортски и лежерни, но исто така се лесно споиви со поелегантни парчиња од машкиот плакар.

 

Објавено:
10 август 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
384 пати