Што подготвува Мајкл Корс за оваа есен?

12 јули 2016

Модниот маркетинг може да биде предизвик за било која фаза од развојот на моден бренд – од почетокот кога се развива моќта на креативноста, до институционалната фаза кога се развива брендот на глобално ниво.

Michael Kors Collection

А Мајкл Корс точно знае како се прави тоа. Со мудроста и искуството што го поседува, овој дизајнер истовремено знае што сака жената, знае како комплексниот изглед да го направи да изгледа едноставен и примамлив.

Со таквиот пристап настапува и во есенските кампањи на неговите брендови – Michael Kors Collection, Michael Kors Mens и MICHAEL Michael Kors.

Michael Kors Mens

И додека многу од брендовите во последните неколку години ја „кратат“ архитектурата на брендот за да се фокусираат на една бренд порака (Долче и Габана, Барбери, Donna Karen Collection, Marc by Marc Jacobs), Мајкл Корс одлучи да ги прошири двете главни колекции и со тоа да ги зголеми понудите во бизнисот што вреди милијарда долари.

Michael Kors Collection

А неговиот маркетинг тим смисли една одлична маркетинг кампања, поточно микс.  

За есен 2016 година, тие ги пуштија кампањите на трите линии истовремено. Фотографиите, зад кои се потпишува Марио Тестино, се секако со различен концепт и приказна, а ќе стојат едно до друго во модните магазини.

Michael Kors Mens

На тој начин, дизајнерот си обезбедува поголемо место во маркетинг планот на модните списанија (Vogue, Vanity Fair, France Le Figaro), односно нивните есенски изданија за Европа и САД, а на народот му пласира што сѐ може да очекуваат оваа есен на сите платформи.

Секако, истите ќе бидат достапни и на социјалните мрежи и традиционалните начини за надворешен маркетинг.

Michael Kors Collection

-За сезонските кампањи, баравме нешто со што ќе го „фатиме“ расположението на сезоната, а со тоа ќе им дадеме на купувачите суптилен поглед на инспирацијата на колекциите. Оваа есен сѐ е во знакот на ставот, личниот стил и луксузните патувања, но на еден истовремено и кул и гламурозен начин. Овие спектакуларни украси ги вклопивме во нешто што би можеле да го носите секој ден. Сакавме да прикажеме шарм и заводливост, флерт, што се препознаваат токму во тие детали што се движат и во играта со светлото. Но, исто така, многу внимававме облеката да биде функционална и нослива во секојдневието – истакнува дизајнерот.

А во продолжение погледнете ги и фотографиите за линијата MICHAEL Michael Kors за есен 2016.

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
472 пати