Алесандро Микеле ја отвори сезоната кампањи за Ресорт колекциите за следната година. Научен да шокира и да се спротиставува на “нормалното“, тој остана доследен на својата естетика и во оваа најнова кампања.
Под називот „ComeAsYouAre_RSVP“, Микеле ги повика сите на забавата на која услов е да бидете ослободени и свои, а на која се појавуваат и бројни познати личности меѓу кои и Иги Поп, Сиена Милер и младиот Гучи Мејн.
Од брендот ќе речат дека „Гучи забавата е постојана, затоа што резентира состојба на мозок: Сè е можно, граници не постојат, сите доаѓаат и си одат... Облеката нуди бесконечни можности да бидете кои сакате и да се појавите онака како што сакате, без било какви ограничувања или забрани“.
Многу боја, принт, текстура, ретро нота, гламур, еклектичност...
Погледнете: