Сиена Милер и Том Стурџес во новата кампања на Бурбери за есен-зима 2013/14

2 јули 2013

Популарната двојка Сиена Милер и Том Стурџес, не се заљубени само приватно. Славната двојка ги толкува главните улоги во новата кампања за есен-зима 2013/14 на Бурбери, која носи наслов „Британска љубовна приказна“.

 

 

Кампањата ја сликаше познатиот Марио Тестино, под креативна насока на главниот дизајнер на Бурбери, Кристифер Бејли. Саундтракот за оваа кампања е песната Hold Me на годинешниот победник на Брит Наградите, Том Одел. Сиена и Том позираат во модели кои беа презентирани на модната писта, а ја најавуваат претстојната сезона. Како најмаркантни модни парчиња се издвоија мантилите, јакните и очилата за сонце.

 

 

 

 

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Актуел