Лондон ги почести најпознатите од двете страни на Атлантикот

1 декември 2014

Евгениј Лебедев, Ана Винтур, Викторија Бекам,  Кристофер Бејли и Дејвид Бекам Евгениј Лебедев, Ана Винтур, Викторија Бекам, Кристофер Бејли и Дејвид Бекам

Кралската престолнина, Лондон, вчеравечер беше домаќин на 60 – тото издание на најстарите театарски награди „Evening Standard Theatre Awards“. Манифестацијата успеа на едно место да ги собере најпознатите и најталентираните личности од двете страни на Атлантикот.

Наоми Кемпбел Наоми Кемпбел

Организаторите велат дека секоја година е посебна приказна, но она што ја прави оваа манифестација толку магична е присуството на голем број холивудски ѕвезди, музички икони, супермодели, претставници на модата и шоу бизнисот. На ова јубилејно издание според организаторите признанијата уште еднаш им беа доделени на вистинските херои кои и дадоа еден поинаков печат на оваа година која полека изминува.

Сиена Милер Сиена Милер

Театарот Лондон Паладиум беше центарот на британскиот главен град каде можевме да ги видиме Ана Винтур, Дејвид и Викторија Бекам, Кристифер Бејли, Суки Ватерхаус, Ким Катрал, Сиена Милер, Наоми Кемпбел и многу други кои соодветно го испочитуваа кодексот на облекување. Дамите се одлучија за долги тоалети, најчесто во црни нијанси, а господата задолжително носеа одела во комбинација со пеперутки вратоврски. Официјалната церемонија беше отворена од страна на сопственикот на весникот „London Evening Standard“, Евгениј Лебедев и продолжи со свечен коктел во чест на победниците.

Ким Катрал Ким Катрал

Наградата за најдобар актер, отиде во рацете на Том Хидлестон, додека наградата за најдобра актерка и припадна на Наташа Ричардсон. Признанието најдобра претстава му беше доделено на Рона Мунро за „The James Plays“. За најдобар мјузикл беше избран „The Scottsboro Boys“. Признанието за најдобар режисер му припадна на Милтон Шулман, додека наградата за талент на годината која е во соработка со модниот бренд Барбери и беше доделена на Лаура Џејн Метјусон. Во рамките на настанот беа доделени и четири специјални награди: Лебедев наградата за животно дело му беше доделена на Том Стопард. Наградата за најдобар уредник и припадна на Кејт Буш, а за најдобро музичко остварување беше доделена за перформансот „Here lies love“ и наградата за откритие на годината ја доби перформансот „Skylight“.

 

 

 

Објавено:
1 декември 2014
Категорија: 
Сцена