Синот на Вал Килмер во кампања на Сен Лоран

14 ноември 2014

После одличниот настап во филмот „Palo Alto“, на режисерката Џија Копола, Џек Килмер, дебитираше и како модел на ревијата за пролет – лето 2015 година на модната куќа Сен Лоран, како дел од еуфоричната психоделична рок колекција за мажи и жени.

Младиот актер кој тргна по стапките на својот татко, Вал Килмер,  се чини дека во последно време привлече големо внимание со својот изглед и став преку кои сака да ја пренесе модната порака на куќата Сен Лоран, на чело со креативниот директор Хеди Слиман, а тоа е враќањето на гранџ стилот.

Долгата коса, немирните прамени на лицето, бајкерската кожена јакна, кошулата со точкаст дезен, авијатичарските очила за сонце и елегантното сако се главните модни реквизити кои се прикажани на фотографиите. Младиот Џек изгледа беспрекорно и моќно и во двете варијанти и успешно му ја претстави на светот визијата за маж кој поседува бунтовнички дух и неверојатно чувство за елеганција. Модните критичари и стилисти веќе се огласија дека покрај успешната филмска кариера која му претстои на младиот Килмер, убаво би било доколку почесто би го гледале на писта,во едиторијали и рекламни кампањи.

преземено од buro247.hr
Објавено:
14 ноември 2014
Категорија: 
Актуел