Skopje City Mall ќе слави втор роденден со големо модно шоу

1 октомври 2014

На 4-ти Октомври, Skopje City Mall ќе го прослави својот втор роденден со првата “rooftop” забава досега организирана во нашата земја.

Програмата предвидува целодневна забава за сите возрасти, која ќе финишира со огромна забава во знакот на вториот роденден на најголемиот шопинг центар во државата, а уникатната прослава ќе ги обедини модата и одличната музика – со почеток во 20:00 часот, петтото ниво на катната гаража ќе го освоја ттоп модели од целиот Балкан како дел од еклузивнo моднo шоу со модели на брендовите присутни во трговскиот центар. Забавата ќе продолжи со музички сет на Кирил Џајковски и ТК Вондер со почеток од 22:00 часот.

“Skopje City Mall, по повод прославата на вториот роденден, реши да ја направи првата „забава на покрив” досега организирана кај нас. Утрото е резервирано за најмладите, за кои е предвидена забавна програма. Главниот настанот ќе започне со еклузивно модношоу на која ќе чекорат дел од најубавите топ модели од балканските држави. За првпат, ограничен број пријатели на молот ќе имаат можност да проследат модно шоу според светските стандарди. Потоа, влезовите на катната гаража се отвораат за сите посетители кои ќе можат да се присуствуваат на концерт на Џајковски и ТК Вондер. Дополнително, Skopje City Mall ќе работи до 00:00 часот, а предвидени се и многу попусти од закупците. Во Сабота славиме роденден, и ги каниме сите заинтересирани да ни се придружат”, изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.

По повод роденденот, работното време на трговскиот центар ќе биде продолжено до полноќ, а за купувачите се обезбедени и попусти на различни производи.

 

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Актуел