Skopje Design Week стартува од 23-ти септември во Куршумли Ан

5 јули 2014

Од 23-ти  до 28-ми Септември, автентичниот Куршумли Ан ќе биде домаќин на годинешното издание на Skopje Design Week што  ќе се одржи под мотото „Четврта смена“.

Земја во фокус на годинешниот Skopje Design Week, ќе биде п Франција од каде и ќе бидат претставени неколку дизајнери и француски дизајн студија.

Тамошните дизајнери ќе бидат дел од програмата на манифестацијата со што и ќе разменуваат искуства со македонските колеги, а според официјалнато соопштение, се планира и нивна посета на македонски фабрики со можност за соработка.

Како и секоја, така и оваа година ќе има голем број на интересни и креативни работилници, а новина е „гастро талент“ зоната на Горење, но и најавените музички гости.

Инаку, во моментов е во тек пријавувањето на компании, брендови, иноватори, дизајнери и институции кои  сакаат да земат учество во годинешното издание, а пријавувањето трае заклучно со 20-ти јули.

 

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Актуел