Со хумани срца да го изградиме новиот дом на Петрушевски

12 ноември 2013

Вчера вечер во Универзалната сала во Скопје, се одржа хуманитарен концерт  „Со љубов за сила, храброст и нов дом“ како поддршка за семејството Петрушевски кое неодамна во пожар го изгуби својот дом.

Мина уживаше во роденденското изненадување Мина уживаше во роденденското изненадување

Настанот беше фузија од многу позитивни мисли на публиката, емотивни настапи на наши познати музичари, стенд-ап перформанси на нашите познати актери Сашко Коцев, Тони Михајловски, Никола Тодороски и самата Весна Петрушевска, кои потсетија на светлата страна на животот, а сето тоа се поклопи и со деветтиот роденденот на слатката Мина која заедно со своите пријатели и голем дел од македонската естрада го прослави со голема торта на сцена.

Сите изведувачи, а воедно и пријатели на семјството беа едногласни во пораките кои им ги упатуваа: следното заедничко кафе да се испие во нивниот нов топол дом кој ќе се изгради благодарение на хуманите луѓе и нивниот морален придонес.

Меѓу несебичните поддржувачи со хумана мисија беа и: Калиопи, Каролина Гочева, Тавитјан Брадрс, Тамара, Тијана, Елена Ристеска, ДНК, Бени Нон стоп, Димитар Андоновски, Јоце Панов, Биба Додева, Кристина Арнаудова, Маја Вуќичевиќ, Дарко Илиевски, Магдалена Лазаревска, Нокаут, а настанот го водеше Ана Шутиноска која своевремено беше и дел од серијалот проекти на Вртелешка.

 

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Актуел