Соработка на Кока Кола со дизајнерката Витни Порт

5 јуни 2014

Компанијата Кока Кола ќе им даде шанса на сите трендсетери да одлучат сами кој модел би сакале да го видат на полиците во продавниците. За оваа цел, компанијата ја покани дизајнерката Витни Порт да дизајнира четири модели на чанти како дел од проектот за диеталната Кола Кола, со кој се промовира индивидуалниот стил.

„Освежувачкото дејство на диеталната Кола Кола позитивно ми влијае и кога имам премногу работа и кога се релаксирам со моите пријатели. Дизајните се моја експресија за тоа како вкусот влијае во создавањето на нова креација. Со нетрпение чекам да видам кој модел ќе им биде омилен на Американците“ – изјавува  Витни Порт.

Гласачите покрај тоа што ќе имаат одлучувачка улога во избирање на моделот чанта,  ќе имаат шанса да ја запознаат дизајнерката за време на модната недела во Њујорк, а компанијата Кока Кола и Таргет обезбедија и други бројни награди.

Бренд менаџерот на Кока Кола, Мелиса Швац смета дека дизајните на Порт се рефлексија на две големи страсти, стилот и вкусот-  „Индивидуалноста е клучна во модата, а Кока Кола на конзументите им дава шанса со сопствениот избор директно да влијаат во избирањето на моделот чанта за новиот проект на компанијата“.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Актуел