Музичката и стилска икона Џенифер Лопез денеска го прославува 50 – тиот роденден, а она што го најави пред неколку месеци, тоа и го исполни – светска турнеја за заедничка прослава на јубилејот со нејзините фанови.

Големиот и јубилеен роденден таа го најавуваше месеци наназад, па денеска се очекува голема прослава во друштво на нејзиното семејство и партнерот Алекс Родригез.

Токму тој прв ѝ го честиташе роденденот со прекрасно и емотивно видео од нивните најубави заеднички моменти заедно со децата и обожавателите на концертите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) onJul 23, 2019 at 7:27pm PDT

Нејзината турнеја насловена едноставно „It’s my party“ е една од нејзините најдобри досега со огромна посетеност на сите концерти што ги организираше во Европа, Азија и Северна Америка, а некои од нив допрва ќе следат со оглед на тоа што истата завршува на 11 – ти август.

Иако таа самата во многу наврати ќе каже дека не е обожавател на пластичните операции, кога гледаме фотографии од годините наназад, неверојатно е тоа што таа изгледа како да не остарела ниту еден ден.

Пејачката и актерка ова го препишува на исклучително здравиот начин на живот, секојдневните тренинзи, медитацијата, внимателно одбраната храна и среќниот семеен живот.

Нејзината фантастична фигура со која последно воодушевува во филмот „Hustlers“ е нешто на што и младите девојки можат да ѝ позавидат.

Подеднакво фасцинантен е и нејзиниот стил, па оттука фактот што речиси сите дизајнери сакаат да соработуваат со неа. Се чини како ниту еднаш да нема погрешено кога се работи за јавни настани, а истото важи и за стилот што го негува во слободните мигови, кој секогаш е супер лежерен и спортски.

Остана запаметена по зелениот Версаче фустан со ултра длабоко деколте, па оттогаш како само да го надоградуваше стилот и се појавуваше во уште подобри комбинации.

Години наназад таа е вљубена во кружните обетки кои некако станаа и нејзин заштитен знак кои знае совршено да ги комбинира и со широки спортски тренерки, но и со елегантни фустани кои ги носи најдобро што може.

Навраќајќи се наназад кон нејзината кариера, таа дефинитивно многу често одбира светкави креации, сребрени чевли и накит кои совршено ѝ прилегаат на тенот.

Дека многумина ја сметаат за модна икона број еден, вклучувајќи ги и познатите дизајнери и нејзини пријатели, докажа и со наградата за модна икона од CFDA со што само уште еднаш го зацврсти нејзиниот статус.

Во чест на 50 – тиот роденден на стилската и музичка кралица, да се потсетиме на 50 фантастични моменти од нејзината кариера.

Инфо: The Sun, Insider, 

Фото: Insider.com, Google, Elle.com, 

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.635 пати