Стари Левис фармерки вредат и до 6.000 евра

23 мај 2013

Колекционерите на  винтаж  Левис  фармерки   денес плаќаат големи суми за нив, во зависност од нивната состојба, пренесува „Дејли мејл“. На цена се и фармерки и јакни изработени од 1980-тите, особено познатиот Левис  501, а еден таков модел на интернет е продаден за 6.000 евра.

Сепак, колекционерите не го оставаат џинсот да стои, туку го носат, со сите дамки и дупчиња. Понудата е голема, но и побарувачката исто така. На интернет може да се најдат и парчиња од 1940-тите и 1950-тите, а цената на џинсот ја одредуваат неколку фактори. Темниот повеќе вреди од светлиот, а и малите големини се повеќе барани. Исто така, печатеното Е на натписот вреди повеќе од малото. И оригиналните стари рабови му додаваат вредност на џинсот.

Објавено:
23 мај 2013
Категорија: 
Актуел