Познатата пејачка, текстописец и активист, Алиша Кис е новото заштитно лице на култниот бренд Levi's што во својата глобална кампања насловена „Живеј во levi's ја слави индивидуалноста, автентичноста и стилот.
Покрај тоа, таа ќе ја пее и песната насловена „28.000 денови" што ќе служи како тонски запис на кампањата.
„Кога сте веродостојни на самите себеси, се чувствувате горди и моќни. Дојдов до сознание дека сум „џинс девојка". Се чувствувам самоуверено, удобно, секси и силно во моите фармерки" - вели Алиша Кис.
Повеќе од 80 години, жените носат Levi's. И за 80 години, брендот го направи совршениот женски пар џинс. Брендот ги дизајнираше оригиналните фармерки во 1873 година - исконските 501, потоа ги креираше првите тексас фармерки за жени во 1934 година, создавајќи револуција во женската мода.
Во новата женска линија џинс за оваа есен, Levi's направи комбинација помеѓу иновацијата, стилизираните детали, технологиите на виткос и обновливите материјали, со што креираше совршен џинс соодветни за секоја форма на тело.
Производите на Levi's може да ги најдете во продавницата на Fashion & Friends во Скопје Сити Мол.