Стартуваше Јапонската модна недела во Токио

17 март 2014

Од  денес па се до 22-ри март или поточно  шест дена во Јапонската престолнина Токио,  се одржува Мерцедес - Бенз модната недела во Јапонија, а од програмата ќе се претстават 45 дизјнаери и брендови,  кои ќе ја покажат својата креативност на писта. За следната есен-зима сезона 2014/15  тие ќе понудат креации инспирирани од традиционалните Јапонски градини, нивната храна, јапонските џез девојки, како и од навивачките спортски клубови. Првиот дизајнер кој  го скрши мразот и ја отвори модната недела беше Шинсуке Моришита, кој ја создаде алтернативната страна на минимализмот. Првите креации од колекцијата се во серија од црни изгледи, вклучувајќи тенки класични панталони, кожени јакни, кошули со позлатена тантела, фалтирани кратки здолништа.

 

Не беа исклучени ниту прекрасните детали и текстури кои ги има во изобилство, а темната страна на зимата дизајнерот ја разби со бебешко небесно сини и минит нијанси. На женствениот изглед Шинсуке  успеа да вметне на едно место сексапил, класика и комфор, а  пак целиот изглед  да го заокружи со рамни чевли кои алудираат на мажественоста, односно на силната страна кај жената што тој ја замислува.

 

Инаку, меѓу големиот број јапонски дизајнери, својата последна есен-зима колекција ќе ја претстави и дизајнерката Дијан вон Фустенберг. Во продолжени освен колекцијата на Моришита ќе погледнете и фотографии кои ја прикажуваат инспирацијата на дел од дизајнерските претставувања.

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Актуел