Додека во фокусот на светската кинематографија е филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на истиот италијанскиот бренд Миу Миу организираше свечена вечера по повод „Денови на авторите“, манифестација со која овој моден конгломерат има склучено соработка и каде беа промовирани последните епизоди од филмот насловен „Женски приказни“.
Раскажувањето на Женските приказни кој е замислем како проект од жените за жените, го проследија луѓе со различни профили директно или индиректно поврзани со модната индустрија: режисерите Катрин Бигало, Ијам Абас, Ава Дуверну е Гада Колагранде, уредничката на италијански Vogue Франка Соѕани, актерите Вилијам Дефо, Дениз Аксај, Фрида Пинто, Кери Мулиган, Мишел Докери и уште многу други звучни имиња од бизнисот.