„Тајм“: Дуа Липа и Реге Жан Пејџ се дел од следната генерација највлијателни луѓе во светот

19 февруари 2021

Магазинот „Тајм“ втора година по ред ја објавува листата „Time 100 Next“. Со оваа листа на едно место се ставени личности за кои сметаат дека ќе извршат големо влијание во иднина.

Поделени се во неколку категории, а оваа година меѓу идните највлијателни се најдоа пејачката Дуа Липа, актерот од „Бриџертон“, Реге Жан Пејџ, како и кошаркарот Лука Дончиќ, но и премиерката на Финска, Сана Марин. 

Интересно е што описите и одговорот на тоа зошто заслужиле да се најдат на оваа листа, ги даваат други познати личности.

Така, Кајли Миног беше таа што го сподели нејзиното мислење за младата уметница, нарекувајќи го нејзиниот успех неверојатен со оглед на тоа дека има само 25 години.

Шонда Рајмс го пофали Реге Жан Пејџ, велејќи дека „денеска можеби е нашиот војвода, но дури ниту јас не можам да замислам што се' би можел да биде. Неговиот талент е безграничен“, напиша таа.

Од друга страна пак, актерот на својот Инстаграм профил ги сподели убавите вести, пишувајќи дека сето ова го остава без зборови.

“Јас останав без зборови, но за среќа, Шонда секогаш ги има вистинските. Благодарам“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)

Лука Дончиќ пак, беше претставен низ призма на неговиот колега Бобан Марјановиќ, велејќи дека тој може да создаде магија секој момент. „Секоја игра покажува некое ново движење, луд е“, вели Марјановиќ, потенцирајќи дека точно го гледа влијанието што тој веќе го врши врз младите генерации и она што допрва следи.

На крајот, Ерна Солберг, премиерката на Норвешка, упати одлични зборови и порака до премиерката на Финска, Сана Марин.

„Глобално, таа стана позната кога беше избрана на премиерка и тоа мошне млада. Но, Марин не е нова во политиката и во време на пандемијата покажа и докажа дека доброто водење, лидерство, не зависи од годините. Кризните времиња ни покажуваат од што се создадени луѓето. Таа е важен дел од силниот тим жени политичари и жени лидери во нордиско-балтичкиот регион. Се радувам на нашата соработка во иднина и можноста да ја запознаам“, гласеше порака на Солберг.

 Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

Објавено:
19 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
233 пати