Тајна војна меѓу Селин и Зара

27 јуни 2013

GOLD PLATFORM.001

Зара е една од омилените дестинации на многу дами и мажи, токму поради активното и брзо следење на новите трендови и понудата на модни парчиња. Оваа сезона лукбукот на Зара е во духот на философијата на Изабел Марант и бохо парчињата, нејзин предлог за тоа како треба да изгледате летово. Сличностите се јасни, но сепак се работи за сличности, а не копија на дизајнерски парчиња.

Но, од модната куќа Селин не мислат така. Нивните парчиња облека изгледа имаа поинаква судбина. Веќе неколку сезони и повеќе од очигледна е поврзаноста помеѓу Зара и оваа француска модна куќа. Веднаш по објавувањето на минатогодишниот лукбук на Зара, на интернет почнаа да кружат фотографии на кои се гледа како Зара буквално ги копира нивните парчиња.

Фиби Фајл во последните години од името Селин направи моден гигант, кој ги наметнува трендовите и заработува големи суми пари. Минимализмот претставен низ игра на форми, необичните изрази и модни додатоци, ја доведоа Селин до статусот на една од најпопуларните модни куќи.

Но, Зара не застана само на „позајмувањето“ на нивните парчиња од ресорт колекциите, туку тоа продолжи и со ready-to-wear парчињата, но и модните додатоци.

Затоа одлуката на Селин својата најнова ресорт колекција да ја држи во тајност воопшто не изненадува.Откако со помош на фотографиите, нивните модели се најдоа прво во Зара, а потоа во Селин, модната куќа не сакаше повеќе да ризикува, па не дозволи ниту една фотографија да се појави во јавност. Останува да се види дали Селин навистина ќе успее да се заштити.

Но, ова не е првата модна куќа што се одлучи на ваков чекор. Прада го направи тоа пред две години, а со ова темпо само е прашање на време, кога и останатите модни куќи поради сопствената егзистенција на модниот пазар, ќе се одлучат на сличен чекор.

Ќе ја намали копирањето на high street брендовите моќта на модните куќи? И каде е границата помеѓу инспирацијата и копирањето?

Celine - Zara Celine - Zara

Celine - Zara Celine - Zara

 

 

Celine - Zara Celine - Zara

 

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Актуел