Зара и за најлудата ноќ

11 декември 2014

Новото продолжение на „Pictures“ проектот на модниот бренд Зара, овој пат презентира како познатите личности носат комбинации во кои ќе ја дочекаат најлудата ноќ во годината.

Шпанскиот моден бренд Зара ја лансираше новата серија фотографии кои се дел од проектот „Pictures“,  инспирирани од божиќната колекција. Гаранс Доре, Карлота Оди, Џенис Алида, се кул, „it“ девојки кои покажаа како ги комбинираат новите парчиња на Зара кои неодамна пристигнаа во нивните продавници ширум светот. Како и вообичаено кога станува збор за Божиќ и Нова Година, дизајнот на парчињата облека во основа е изработен од свечени материјали како кадифе, светки, сатен и еко – крзно.

Познатата модна новинарка и илустраторка  Гаранс Доре, на фотографиите позира во фантастичен комплет чиј крој не враќа во 1970 – тите години, а е изработен од кадифе во сиво – сина нијанса. Вљубеничките во бохо стилот ќе се пронајдат во рачно везените кафтани и кимона со реси, додека пак, на класичарките со сигурност ќе им се допаднат малите црни фустани, инспирирани од моделите на пред - есенската колекција на модната куќа Селин.

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Сцена