Вљубеничките во шпанскиот моден бренд Зара сигурно ќе се израдуваат на второто продолжение од проектот „Pictures“, во склоп на кој Зара ги облекува жените од различни професии во парчиња од својата нова колекција. Секоја дама ги одбира своите омилени парчиња од есенската колекција и ги прилагодува на сопствениот стил на облекување и начин на живот.
Гаранс Доре се фотографираше на работа, како седи во својата канцеларија, носејќи софистицирана комбинација на кафено здолниште со впечатлив патент кој е во функција на преден шлиц, маичка со интересен слоган и шик сандали со ремчиња.
Убавата Карлота Оди, прикажа палета на младешки комбинации кои со сигурност ќе ги обожаваат дамите кои ги следат трендовите и го сакаат неконвенционалниот начин на облекување. Јошико Крис Веб, пак, одлучи да го промовира урбаниот и градски стил во комбинации на топли плетива и раскошни капути во силна црвена боја.