Том Форд шоуто од Лондон ќе го премести во Лос Анџелес

27 септември 2014

Според плановите на модниот дизајнер, шоуто од британската престолнина ќе биде пренесено во САД, а тоа значи дополнителни трошоци и промена на распоредот на сите модни уредници и купувачи кои сакаат да бидат дел од него.

„Го засакав Лос Анџелес уште првиот пат кога се преселив таму од Њујорк во 1980 година. Ричард и јас живеевме заедно таму и токму затоа во последните 20 години чувствувам посебна поврзаност со тој град“ – изјави Форд.

Покрај тоа што ова ќе значи дека ќе го прекрши континуитетот на презентирање во рамките на модната недела во Лондон, од дебитантското претставување во 2010 година, дизајнерот откри дека има планови за снимање на филмот  „A Single Man". „Лос Анџелес е место кое ги спојува музиката, филмот и телевизијата, а јас ќе се обидам да го ставам на модната мапа. Исто како и модата и филмот е креативност која е исклучително важна за мене и токму затоа одлучив тие два аспекти да ги спојам со модна ревија во Лос Анџелес“ – објаснува Том Форд.

Дали ова е почеток на создавање на нова модна дестинација или не ќе покаже времето, но сепак одлуката на Том Форд како и седиштето на Хеди Слиман, креативниот директор на Сен Лоран во Лос Анџелес, наметнува дискусија за тоа дали се менува значењето на модните метрополи, односно дали мапата ќе биде збогатена за плус уште еден град.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Актуел