Домовите на Том Форд во Лондон, Париз, Лос Анџелес и Санта Фе

15 јануари 2014

Освен што е перфекционист во работата како моден дизајнер, богот на модата, како што го нарекуваат, е исто толку перфектен и во уредувањето на своите 4 домови. Минимализмот е негова неизбежна насока, по која вешто ги спојува сите елементи од животот. Неговиот дом во западен Лондон е слика на вкусот и карактерот. Црната и белата боја преовладуваат низ целиот простор,  црн мебел и под како и многу стаклени декорации. Сензуалноста и софистицираноста пак преовладуваат во белата кујна, која сјае во едноставноста на медијапанот.

Минатата година за британското издание на магазинот Вог, Том специјално ги отвори вратите од огромниот ранч во Санта Фе. Форд обожава да јава коњи, а уште од мал сонувал дека ќе има токму таков ранч каде ќе може да ужива во природата и животните. Ранчот е дизајниран од јапонски архитект, а Том поминува речиси половина година токму на ова место.

И домот во Париз исто така е во минималистички стил од црно бела боја. Оваа куќа има мебел кој е уникатен и инспириран од 19-от век, изработен специјално за него.

Во 2000-та година Том купува куќа и во Лос Анџелес со уникатна архитектонска градба. И овој ентериер потсетува на неговите останати, зашто и самиот вели дека сака секаде да се чувствува како дома, а по тоа правило и уредувањето го насочува кон сличностите.

Пред да се инволвира во модната индустрија и да стане големо име, Том Форд живеел во оваа зграда на Менхетен.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Сцена