Томи Хилфигер ќе дизајнира за лица со инвалидитет

19 октомври 2017

Дизајнерот Томи Хилфигер и неговиот тим соопштија дека ќе дизајнираат облека за луѓе со инвалидитет.

Со оглед на тоа дека останатите брендови го игнорираат тој пазар, американскиот бренд одлучи да ги промени работите.

Тимот најави дека ќе создаде приспособлива линија, која ќе има рабови и отвори што ќе можат да се подесуваат, а исто така ќе имаат копчиња или патенти на магнет, со што на оние што се грижат за лицата со инвалидитет ќе им биде поедноставен начинот на облекување на горните делови.

Кога се панталоните во прашање, и тие ќе имаат механизми на магнет, а ногавиците ќе можат да се приспособуваат на зацврстувачите за нозе на помагалата.

Познато е и тоа дека машката линија ќе содржи 37, додека женската 34 комбинации.

„На овој начин сакаме да ја помогнеме демократизацијата на модата“, велат од брендот.

Со оглед дека овој пазар вклучува милиони луѓе ширум светот, што секако ќе ја поздрават оваа идеја, нема сомнение дека тимот добро ги разгледал и финансиските придобивки од сето ова, коментираат светските модни медиуми.

За потсетување, Томи Хилфигер лани оствари соработка со организацијата „Runway of Dreams“, при што создаде ваква колекција но за деца со инвалидитет, која наиде на одлични реакции од јавноста.

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
226 пати
Извор: 
Elle