Раскошни винтиџ парчиња во новата колекција Зара за вашиот дом

4 април 2014

Креативниот тим на Зара ги зема најдобрите елементи од старите култури и создаде неверојатно добра нова колекција за домот.

 

Како и секогаш, во истата има одлични бои, извонредни винтиџ елементи, беспрекорни и модерни парчиња и шармантни детали.

Она што е повеќе од очигледно е дека во последниве неколку години сѐ поголем број дизајнерски куќи се одлучуваат да креираат и колекции за уредување на домот.

 

Во зависност од желбите и се разбира, финансиските можности на купувачите на пазарот, навистина може да се пронајде широк спектар на разни дизајнерски детали со кои може да го оплемените вашиот дом.

Во сферата на прифатливиот дизајн, неповторливата Икеа апсолутно веќе долги години го држи првото место на глобалниот пазар, па многу е тешко да се замисли дека некој друг бренд би можел да им конкурира на нивната понуда, цена и дизајн.

 

Колекциите за домот што ги развиваат познатите дизајнерски куќи како Зара или H & M се одличен избор доколку сте во потрага по мали парчиња детали со кои ќе го разубавите вашиот дом.

Она што дополнително им помага на ваквите дизајнерски куќи е тоа што тие одлично знаат како маркетиншки да ја презентираат својата колекција, па секогаш се одлучуваат за луксузна презентација на новите колекции со која ги привлекуваат нивните клиенти.

 

Конретно новата колекција е неверојатен микс на различни култури со одредени влијанија од Турција, Индонезија, Амазонија... Во истата може да се најдат парчиња со принтови од егзотичниот свет на амазонската флора и фауна, шармантни плетени кошниви, декоративни предмети во облик на овошки, украси за столици во боите на џунглата и што уште не.

 

За сите оние кои не се љубители на ваквите егзотични принтови, тимот на Зара подготви и смирена линија со нежни моменти. Пастелните нијанси, нежните принтови на пеперутки и романтичните детали ќе ви донесат вистинска романтика во домот во пролетните денови.

 

Ориенталниот дел од колекцијата е инспириран од турската култура со раскошни килими и светилки кои дефинитивно потсетуваат на сцена од турските серии.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Фото галерија