Томи Хилфигер отвори нова продавница во Единбург

9 мај 2014

Минатата вечер американскиот бренд Томи Хилфигер ја отвори својата нова продавница во Единбург.

-Возбуден сум што ја отвораме првата продавница во Единбург, а посебно поради можноста да ги споделиме американските кул колекции во овој град, изјавува Хилфигер.

Продавницата е на два ката  и е уредена со мебел инспириран од средновековието, покрај традиционалната американска антика. Инаку, во новиот продажен салон е изложена и капсулната колекција на Зои Дешанел сочинета од 16 фустани инспирирани од култната Твиги.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Актуел