Еве како изгледа станот на Томи Хилфигер вреден 50 милиони долари

15 август 2013

Познатиот моден креатор Томи Хилфигер со својата сопруга Ди Хилфигер живее во Њујорк во познатиот Plaza hotel.

Станот се простира на два ката, на самиот врв на хотелот. По влегувањето во станот вреден 50 милиони долари, се наоѓаат портрети на познатите личности како Мерилин Монро, Елизабет Тејлор и Енди Ворхол.

Апартманот е широк, со четири спални соби и четири бањи. Двојкат има и тригодишен син, а неговата соба е рачно насликана од илустраторот Mr.Hilary Knighta. Плакарите заземаат важен дел од станот, а облеката и чевлите се складирани по бои и големини.

Госпоѓата Хилфигер успешен претприемач исто така во светот на модата, со гордост изјави дека омилени и се чевлите на Прада, Миу Миу и секако Лабутан.

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Сцена