Трејси Емин ќе ја дизајнира годинешната статуетка на Brit Awards

10 октомври 2014

Следејќи ги стапките на Вивијен Вествуд, Демиен Хирст и Филип Трејси, британската артистка Трејси Емин ќе ја дизајнира посакуваната статуетка за годинешните Британски музички награди. Емин, која е позната по своите контроверзни дела базирани од сопственото животно искуство, ќе создаде редизајн кој ќе ги поврзува претходните решенија, но на нов уникатен начин што таа го замислува.

-За мене претставува огромно задоволство што мојата уметничка визија ќе може да ја имплементирам во музичката индустрија, посебно од фактот дека решението ќе има големо значење како награда за музичарите во Англија.

Инаку, големиот ден за Британските музички награди 2015-та  година е закажан за 25-ти февруари кога воедно ќе можеме да го видиме и идејното решение од статуетката на Трејси, која во рацете ќе ја имаат само најдобрите.

 

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Актуел