Убавините на Средниот исток прикажани во новата кампања на беспрекорните Шанел

9 октомври 2014

По кој знае кој пат, Шанел ги почести своите обожаватели со одлична кампања инспирирана од Средниот исток во која уште еднаш можеме да уживаме во нивната круз колекција прикажана во Дубаи.

Дел од рекламната кампања се прекрасната црномуреста манекенка Џоан Смолс и преслаткиот син на шармантниот Бред Крониг, Хадсон кој досега неколку пати има учествувано на ревиите на Шанел.

И додека рекламната кампања фотографирана од Карл Лагерфелд ни раскажува за еден помалку запоставувачки однос на мајката кон детето, на која особено важни и се добрите парчиња и позирањето, сепак не смее да се изостави фактот дека таа на неверојатен начин ги прикажува убавините на Средниот Исток и парчињата од колекцијата на големите Шанел.

Малото слатко момченце досега неколку пати се има појавено на ревиите на Шанел, а особено внимание привлече кога се појави заедно со актуелната Кара Делевињ на прикажувањето на кутур колекцијата кон почетокот на годината.

Слаткиот Хадсон многу често се појавува со неговиот татко на различни ревии на брендот, па така можевме да го видиме и на прикажувањето токму на оваа круз колекција во Дубаи, но и во кусиот филм за пролетната колекција за 2013 – та година.

Досега, ова момченце било и дел од кампањите на Фенди, а имаше и мала улога во филмот за Шанел во кој главната улога ја имаше единствената Кира Најтли.

Во продолжение во галеријата погледнете ја целата фотосесија за одличната круз колекција на Шанел низ неколку одлични фотографии во прекрасни мистични места одбрани од Карл Лагерфелд.

Објавено:
9 октомври 2014
Категорија: 
Актуел