Украден е камион полн со чанти од Луј Витон

8 август 2014

Кражбите во модната индустрија стана редовна појава. Откако лани група Руси го ограбија бутикот на Витон во Купар, завчера вечерта во Париз, за сега непозната група крадци го украле камионот полн со чанти од модната куќа и заминале во непознат правец.

Крадците ги извлекле од кабината возачот и неговиот асистент и заедно со уште едно возило заминале од местото на настанот. Подоцна бил пронајден автомобилот, но не и камионот. Материјалната штета од овој грабеж е проценета на  400 илјади евра.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Актуел