„Украдете го стилот“ на омилените ѕвезди со помош на нова апликација

17 јули 2014

Во соработка со онлајн шопот American Rag актерката Кејт Босфорд лансираше апликација која ветува наоѓање на тешко достапни парчиња кои често ги гледаме на страниците на магазините.„ Го знаете ли она чувство кога во модните магазини ќе видите одредено парче кое го носи вашата омилена селебрити ѕвезда и сакате да го поседувате, но не знаете од каде да го набавите, ниту пак од кој дизајнер е? Со помош на мојата апликација ќе може да го збогатите гардероберот со ново парче облека“ – изјавила Кејт.

Style Thief не е единствена апликација  од ваков тип, а мноштвото од нив до сега пројавија голем број недостатоци во однос на пронаоѓањето на омиленото модно парче. Доколку сакате да проверите дали новата апликација на Босфорд целосно ќе ги задоволи вашите вкусови, тогаш одете на платформата App Store и побарајте го вашето омилен парче.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Актуел