Од 10 – ти до 17 – ти август во Унгарија, традиционално се одржа еден од најпопуларните музички фестивали во регионот Sziget фестивал. 

Фестивалот се одржа во близина на Будимпешта, на Island of freedom покрај Дунав, каде се собраа вкупно 441.000 посетители од сите делови од светот. 

Според организаторите, ова е рекорден број на посетители од самиот почеток на фестивалот, на што тие особено се радуваат. 

Покрај одличните музички имиња како и секоја година, така и оваа можевме да видиме бројни фестивалски стајлинзи составени од куси панталончиња, колоритни додатоци, цветни корсети, бохо фустанчиња, кимона и што уште не. 

Погоре во галеријата, погледнете ги сите фотографии што модниот портал Fashion.hr ги направи на фестивалот. 

Објавено:
25 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.469 пати