Успеси за поздрав – македонскиот модел Јована Нешова во едиторијал за Вог и сè поактуелна на азиската модна сцена

6 март 2019

Еден од нашите најуспешни интернационални модели Јована Нешова е на чекор од новата сезона каде ги прави последните подготовки пред да замине за Кина и Сингапур. Во нејзиното богато и големо портфолио како последни и најуспешни проекти ги вбројува едиторијалот на кинескиот Vogue со наслов "The Shape Shift", како и едно од заштитните лица во кампањата за брендот FINELYCUP, која беше работена минатиот Септември, но е за целата претстојна 2019 година.

Низ годините Нешова само го потврди својот статус на една од најбараните македонски интернационални модели кои ја имаа таа среќа високо да котираат на азискиот моден пазар.

„Немав ниту малку сомнеж за неа" - вели првиот човек на MODELS IN (нејзината матична агенција) Алек Наумовски, за нејзините големи успеси.

„Кога некој работи на себе константно и неуморно, успехот е неизбежен. Ѝ посакуваме одлична престојна сезона, секој нејзин успех го сметаме за успех за агенцијата и воедно за земјата" - додава Наумовски.

Распоредот и агендата на азискиот пазар на прекрасната Јована Нешова се потврдени, но оставаме да нè изненади со нови модни подвизи.

 

Објавено:
6 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
307 пати