Нашиот интернационален модел со македонско потекло, Јована Нешова веќе шест месеци престојува и работи на азискиот моден пазар.
Од Шенжен преку Хонг Конг во моментов работи во Шангај каде во последениот проект стана заштитно лице за предстојната сезона на познатиот бренд Фиона Чен.
„Последната сезона се покажа како многу успешна за нашата Јована бидејќи имаше кампањи за бјути едиторијали, каталог за брендот Фентенг и лукбук за Hyperbeast HBX каде носеше модели од Хелмут Ланг. Заради голем број на ангажмани Нешова ќе остане до крајот на месец Мај заради ревиите на Шангајскиот Fashion Week. Таа е неуморна, полна со енергија и пред се врвен модел", велат за неа од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.
Како што еднаш и самата изјави одлично се снаоѓа и ужива во секој работен момент во "Париз на Истокот" како што го нарекуваат Шангај.