Утре започнуваат Денови на филигранство во Скопје

8 мај 2014

Занаетчиската комора на Скопје во соработка со Скопје Сити Мол врши промоција на филигранот и филигранскиот накит кои што се симбол на нашата земја, организирајќи „Денови на филигранство“ кои што ќе се одржат на 9, 10 и 11 мај   во трговскиот центар.

На Денови на филигранство ќе настапат десет изработувачи на накит од филигран, накит од драги и полудраги камења и накит од монистра. Свеченото отворање ќе стартува утре во 12.00 часот, а целта за организација на еден ваков настан потребата на една место да се покаже умешност, квалитет и уметност во кои вештите и вредни раце на создавачите ги испреплеле традицијата и култутрата на живеење со современото општество и создале производи кои што го одземаат здивот, се празник за нашите очи и души и кои можат да бидат прекрасен подарок.

„Со оваа промоција сакаме да ја сочуваме традицијата и културата и да создадеме услови за самовработување и вработување на членови на семејствата и зголемување на стандардот на граѓаните, промовирање и продажба на филигранскиот накит, постигнување на одржливост на занаетите од областа на уметничкото ракотворење, создавање услови за поголеми приходи кои што ќе се користат за развој и унапредување на занаетот“, велат организаторите во официјалното соопштение до медиумите.

Објавено:
8 мај 2014
Категорија: 
Актуел