Валентино целосно ја промени бизнис агендата за наредната година

4 ноември 2014

Во текот на летниот период, односно во јули дизајнерите на Валентино заминуваат во Рим за претставување на модната недела и отворање на нов бутик и потоа повторно се враќаат во Париз во јануари за претставување на неделата на висока мода за 2016 година.

Модните критичари, вклучувајќи ја и Венеса Фридман од Њујорк Тајмс, агендата на Валентино ја оцени како доказ дека традицијата на модните недели за Висока мода го губат своето значење и дека модните куќи се насочуваат кон потребите на купувачите. „Изборот на модната куќа Валентино да го промени распоредот и да отсуствува една сезона од Париската модна недела на Висока мода може да остави последици во модната индустрија и да го наметне прашањето за значењето на истата во однос на најпознатите модни куќи како што се Шанел, Диор, Жан Пол Готје и други“ – објаснува Венеса.

Покрај промените во агендата на Валентино, Долче и Габана исто така ќе прикажуваат парчиња од колекцијата за Висока мода во Италија, а дали ќе има промена во бизнис плановите на останатите модни куќи, останува да видиме.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Актуел